logo
logo
logo

Тоа што ПЕНДАРОВСКИ Е БЛИЗОК ДО СОРОС не му дава право ДА ГИ НАПАЃА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО САД И ТРАМП

Vecer | 09.03.2025

Тоа што ПЕНДАРОВСКИ Е БЛИЗОК ДО СОРОС не му дава право ДА ГИ НАПАЃА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО САД И ТРАМП

Потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски, порача дека проценките на експретседателот Стево Пендаровски треба да се земаат со голема резерва бидејќи немаат доследност и немаат аналитичка основа.

Во пост на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, Милошоски потенцира дека Пендаровски јавно пласира навреди за САД.

1. Пендаровски во 2020 година зборуваше дека е ‘ван памет’ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса.

Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија.

Затоа, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва, бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа!

2. Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот.

Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД.

3. Македонија и САД во 2008 година потпишаа документ за стратешко партнерство и тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и да се продлабочува, без разлика на менувањето на владите и на претседателите во двете земји.

Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да ѝ помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не ѝ одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси!“, посочува Милошоски во својата објава на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk