logo
logo
logo

Заменик-претседателот и министер Стоилковиќ оддаде почит пред спомен-обележјето во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

Vecer | 02.08.2025

Заменик-претседателот и министер Стоилковиќ оддаде почит пред спомен-обележјето во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, во рамки на денешното одбележување на 122 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 81 година од Првото заседание на АСНОМ – два клучни столба во македонската државност, беше дел од владината делегација која оддаде почит пред спомен-обележјето во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

- Денешниот Илинден нѐ потсетува на одговорноста која ја носиме – да ја чуваме и унапредуваме Републиката, да ги негуваме вредностите на единство, солидарност и разбирање, и да работиме за иднина во која секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и еднакво. Нека е честит 2 август, Илинден - Денот на Републиката! Нека неговата порака за единство, достоинство и визија за подобро утре биде наша водилка, порача вицепремиерот и министер Стоилковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk