logo
logo
logo

СО ФАЛСИФИКАТ ДОКУМЕНТИ СТАНАЛА ДИРЕКТОРКА

Vecer | 05.12.2025

СО ФАЛСИФИКАТ ДОКУМЕНТИ СТАНАЛА ДИРЕКТОРКА

Директорката на средното училиште „Методи Митевски-Брицо“ во Делчево, Д.Ц. (53) доби кривична пријава бидејќи при конкурирањето за директорска позиција доставила фалсификуван документ за познавање англиски јазик.

Според информациите од истрагата, таа на 1 јуни 2023 година набавила фалсификуван тест од Бугарија, а неколку недели подоцна, на 29 јуни, го приложила меѓу документите за јавниот оглас за избор на директор. Врз основа на приложената документација, комисијата утврдила дека ги исполнува условите и го доставила предлогот до градоначалникот, кој на 12 јули 2023 година донел решение за нејзино назначување.

Од СВР Штип велат дека случајот бил откриен по дополнителни проверки на документацијата.

– По извршената анализа утврдивме дека приложениот тест не е автентичен и дека станува збор за фалсификуван документ – соопштуваат од полицијата.

Против неа е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“, а случајот е проследен до Основното јавно обвинителство во Делчево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk