logo
logo
logo

Минчев: ЗНАМ е најмлада и брзорастечка партија, ЗАДОВОЛНИ СМЕ ОД ИЗБОРИТЕ

Vecer | 26.10.2025

Минчев: ЗНАМ е најмлада и брзорастечка партија, ЗАДОВОЛНИ СМЕ ОД ИЗБОРИТЕ

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори.

Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, во гостување во централниот дневник на ТВ Сител истакна дека ЗНАМ е задоволен од резултатите и ги оцени како одлични.

Не би се согласил дека движењето ЗНАМ има пад во гласовите. Напротив - ние ги исполнивме сите свои политички цели. Нашиот резултат не е добар, ниту многу добар, туку одличен,“ - рече Минчев.

Тој нагласи дека ЗНАМ настапи самостојно во 53 општини - што е една третина помалку од вкупниот број општини во земјата - и освои околу 40.000 гласови и 50 советници, бројка што целосно кореспондира со резултатот од парламентарните избори.

Движењето ЗНАМ се стабилизира на политичката сцена. Граѓаните ги поздравија нашите политики и тоа се гледа по бројките - една третина помалку листи, една третина помалку гласови, ист резултат како на парламентарните избори.“ - истакна Минчев.

На прашањето дали овие бројки ја намалуваат тежината на ЗНАМ во владината коалиција, Минчев одговори:

Апсолутно не! Нашите цели се исполнети. Господинот Максим Димитриевски има убедливо водство во Куманово, а ние сме во втор круг и во општина Центар. Тоа е потврда дека граѓаните имаат доверба во нашите кандидати и политики.“

Минчев потенцираше дека ЗНАМ останува столб на стабилност и коректор во Владата, со сопствени, автохтони политики, и дека партнерството со ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се темели на заемна поддршка и принципиелност.

Ние не сме само коректор на ВЛЕН, туку и на одредени политики на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа влада функционираме како едно големо семејство кое учи, расте и создава резултати за граѓаните,“- додаде Минчев.

На крајот тој порача дека Движењето ЗНАМ е најмладата, но и најбрзорастечка политичка сила во Македонија, која ќе продолжи со ист интензитет да ја спроведува својата визија за чесна, праведна и европска држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk