logo
logo
logo

Нови дестинации во време на авиокриза: ОД СКОПЈЕ И ОХРИД ЌЕ СЕ ЛЕТА КОН ИТАЛИЈА, ПОЛСКА И АВСТРИЈА

Vecer | 02.06.2026

Нови дестинации во време на авиокриза: ОД СКОПЈЕ И ОХРИД ЌЕ СЕ ЛЕТА КОН ИТАЛИЈА, ПОЛСКА И АВСТРИЈА

Македонија е единствена држава која што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот “Риштази”.

– Во следните неколку недели се отвараат 5 нови линии. Австрија Ерлајнс почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг летовите од Виена. Визер почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи. А од Скопје имаме две одлични летни дестинации кои што ќе продолжат и после летото, но така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија.

Николоски истакнува и дека Македонија целосно со керозин го снабдува приштинскиот аеродром и делумно аеродромот во Ниш.

– Тоа значи дека заради добрата организација во Скопје фунционираат и овие два аеродроми – истакна вицепремиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk