logo
logo
logo

Од 1 јули, за да се спречат пожари!

КАЗНИ ДО 2.000 ЕВРА: Македонските шуми се затвораат за граѓаните на два месеци!

Vecer | 26.06.2026

КАЗНИ ДО 2.000 ЕВРА: Македонските шуми се затвораат за граѓаните на два месеци!

Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое  управуваат.

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите -  ЈП „Национални шуми“ и  Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја,  даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор, информира денеска ресорното Министерство.

За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk