logo
logo
logo

Шукова: Време е јавниот превоз во Скопје да стане решение, а не проблем

Vecer | 04.10.2025

Шукова: Време е јавниот превоз во Скопје да стане решение, а не проблем

„Јавниот превоз не смее повеќе да биде проблем за граѓаните, туку мора да се изнајде функционално решение,“ порача кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за Радио Слободна Европа, се вели во соопштението од СДСМ.

Шукова нагласи дека во нејзината програма постои конкретен и подготвен проект за воведување на БРТ системот (брз автобуски превоз), кој четири години чека на реализација.

Проектот е обезбеден, има финансирање, и ако веднаш се распише тендер, во рок од една година може да почне реализацијата,“ истакна таа.

Според неа, БРТ системот ќе биде срцето на новиот еколошки јавен превоз, а паралелно со него ќе се набават 100 нови автобуси кои ќе ги поврзат сите делови на градот.

Време е граѓаните да почувствуваат дека градот работи за нив, дека јавниот превоз е достапен, еколошки и современ,“ додаде Шукова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk