logo
logo
logo

НАД 1.400 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ЗА ЕДЕН ВИКЕНД: Брзината и понатаму најчест проблем

Vecer | 11.05.2026

НАД 1.400 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ЗА ЕДЕН ВИКЕНД: Брзината и понатаму најчест проблем

Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) биле издадени вкупно 1.433 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци низ целата земја. Од нив, 861 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, пет поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се седум возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Во текот на изминатите два дена евидентирани се 176 прекршоци за неправилно паркирање, како и 45 санкции за возење под дејство на алкохол.

Санкционирани биле 15 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и девет пешаци. Санкционирани се 75 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 11 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а едно поради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk