logo
logo
logo

ОД ВИКЕНД ОТСУСТВО – ДИРЕКТНО ВО САМИЦА: Уапсен затвореник со дрога во Велес

Vecer | 11.05.2026

ОД ВИКЕНД ОТСУСТВО – ДИРЕКТНО ВО САМИЦА: Уапсен затвореник со дрога во Велес

На 09.05.2026 во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К.(43) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во траење од пет години и 10 месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство, соопшти МВР.

Ѓ.К. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk