logo
logo
logo

Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

Vecer | 09.11.2025

Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

Структурните реформи со кои Филипче и СДС сугерираа нивен нов почеток, на повидок никаде ги нема и покрај фактот што Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата и петта на ниво на Градот Скопје, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јасно е дека со ваквото однесување СДС навлегува во се подлабoка политичка криза. Безидејноста и дезориентираноста кај СДС е очигледна и дополнително ги поткопува нејзините веќе разнишани темели. Крајно време е СДС да се реформира. Оставката на Филипче е неизбежна доколку партијата сака и понатаму политички да егзистира. Во СДС има чесни и трудољубиви активисти, но не можат да дојдат до израз поради Филипче, неговиот ментор Заев и политиките што ги водат со кои го доведоа СДС во овој стадиум, вели таа.

Андоновска порачува: „Македонскиот политички систем има потреба од опозиција со интегритет и визија, затоа СДС мора конечно да се ослободи од прангите на Филипче и Заев“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk