logo
logo
logo

По влез во извршната власт и победа над ДУИ на локалните, ВЛЕН СТАНУВА ПАРТИЈА

Vecer | 24.04.2026

По влез во извршната власт и победа над ДУИ на локалните, ВЛЕН СТАНУВА ПАРТИЈА

По над две години делување движењето ВЛЕН ќе се трансформира во политичка партија со утврдено заедничко раководство од сегшните коалициони партнери во движењето.

Коалицијата ВЛЕН на 9-ти мај ќе одржи обединувачки конгрес преку кој ќе прерасне во една политичка партија со центар-десно ориентирана идеологија, најави еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити.

Меџити на Сител посочи дека обединувањето во една партија има за цел да донесе вистинска конкуренција на политичката сцена.

ВЛЕН направи се, монополизирана албанската сцена, значи политичка сцена во Македонија да се воведе конкуренција, да се укине тој монопол ДУИ над 20 години – изјави Меџити, нагласувајќи дека силната опозиција е во интерес на народот и гласачите.

Според него, новата партија ќе воведе демократски новитети карактеристични за европските држави, како што е системот на копретседателство.

-Јас и Билал Касами ќе бидеме копретседатели, генерален секретар Беким Сали, и потпретседатели Беким Ќоку и Мимоза Муса – откри Меџити, додавајќи дека во поширокото претседателство ќе бидат вклучени и сите министри, градоначалници, пратеници и заменици министри.

Тој предвидува дека во иднина во албанскиот политички блок главни чинители ќе бидат само ВЛЕН и ДУИ, додека помалите партии ќе мора да се претопат во едните или во другите.

Запрашан за најавената реконструкција на владиниот кабинет, Меџити потврди дека начелно се договорени со премиерот Христијан Мицкоски за промени во Владата, но деталите ќе се договараат по завршувањето на партискиот конгрес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk