Панел-дискусијата организирана од Асоцијацијата за Еднаквост и Социјална Правда на тема: „ПР – ПРавда, ПРогон или ПРопаганда“ донесе интересна дебата за врската меѓу правдата, медиумите, јавната комуникација и можните злоупотреби со наративи во јавниот простор.
Панелистите разговараа дали одредени случаи или процеси се вистинска правда, дали станува збор за прогон (политички или селективен прогон на поединци) или се работи за пропаганда и манипулација преку медиуми и јавно мислење?
Главен заклучок од трибината е дека организирани медиумски хајки однапред ги осудуваат обвинетите и им вршат притисок на судиите да не ги ослободат дури и во очигледно конструирани процеси.
На дебатата дојде до судир меѓу водечкиот македонски експерт за кривично право Гордан Калајџиев и претставник на Истражувачката медиумска лабораторија позната како ИРЛ која досега два пати е осудена за клевета.
Токму филмот на ИРЛ за Жан Митрев и неговата клиника беше повод за влез на десетици инспектори на владата на Заев за кој беше споменато дека заедно со актуелниот лидер на СДСМ Венко Филипче имале интерес да ја купат оваа клиника.
За овој случај во моментов има судски процес
Иако обвинителството цели три години го гони Жан Митрев за измама досега на судењето не беше презентиран ниту еден доказ дека имало измама.
На настанот се одржа пред неколку дена во Хотел Солун во Скопје Калајџиев потенцираше дека стои зад својата аргументаци и убеден е дека тоа што го направил Жан Митрев не е кривично дело измама туку тој помагал на пациенти во корона кризата.
Калајџиев во обраќањето одговара на спин прашање на претставник на ИРЛ при што го цитира и академикот професор Владо Камбовски кој исто така смета дека нема случај со Жан Митрев.

Што изјави професорот Владо Камбовски уште на почетокот на процесот, во 2023-та година:
Ова е мошне специфичен случај кој прв пат се случува кај нас. Ова не е случај на надрилекарство каде што работите би биле појасни за разлика од случајот со клиниката „Жан Митрев“, вели академик Владо Камбовски.
„Овој случај е специфичен бидејќи тука се поставува прашањето како обвинителството ќе докаже, а судот ќе пресуди дека станува збор за измама затоа што сите кои не се излечиле имаат чувство дека се оштетени и тоа е нормално.
Од друга страна има пацинети на кои им било помогнато и тие би сведочеле во корист на обвинетиот. Но тоа мислење е субјективно.
Затоа овој случај бара огромна претпазливост и доследна примена на законите. Обвинителството ќе мора да пристапи многу внимателно кон обвинението, а судот ќе мора да отвори четири очи во текот на постапката и особено кога ќе треба да одлучува“, вели Камбовски.

Претставникот на ИРЛ во прашањето го цитира Калајџиев според кого медиумите се продолжени центри на моќ, го навел и примерот со Макпетрол а алудирал на случајот со Жан Митрев при што го споменал случајот со О Џеј Симпсон кој имал да плати советници.
ИРЛ во овој контекст прашува “каде е обичниот човек кој не може да плати скапи адвокати советници и професори“ што е општо прашање кое може да се постави на било која тема и за било каков процес, а не прашање за став на Калајџиев или нивната хајка, од ИРЛ, против Жан Митрев.
Прашањето од ИРЛ е манипулативен спин бидејки Калајџиев во воведот зборува за влијание на медиумите и во тој контекст го спомнува О Џеј Симсон како глобално медиумски покриен судски предмет.
Калајџиев во никаков контекст не алудира на Жан Митрев, напротив тој зборува за темата медиумски хајки со кои некој, во случајов хајка од ИРЛ против Жан Митрев во која тој беше однапред осуден и поради што судиите се плашат да го ослободат.
Токму затоа Калаџиев вели дека стои зад целата правна аргументација дека нема измама од Жан Митрев.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата