logo
logo
logo

Утврдувањето на одговорност и евентуално кривично гонење е во надлежност на обвинителствата и судовите, а не на СДСМ

Vecer | 03.09.2025

Утврдувањето на одговорност и евентуално кривично гонење е во надлежност на обвинителствата и судовите, а не на СДСМ

СДСМ блефира и свесно бара нешто што е невозможно да се направи ако сакаме да постои правна постапка. Ваквиот однос само ги јакне сомнежите дека тие стојат зад нарачките за следење и прислушување, бидејќи преку лажни обиди за декласификација сакаат да ги спасат организаторите, пуштајќи ги доказите во јавност, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Декласификација на документи се врши исклучиво согласно закон, и тоа во судска постапка, по барање и одлука на надлежните органи. Со оглед на тоа дека за сите информации поврзани со незаконското работење во АНБ е веќе известено Јавното обвинителство, понатамошното постапување останува во нивна надлежност. Прашањето за декласификација на документи може да биде дел само од постапките што се водат од страна на обвинителството и судот, а не од партиска нарачка на СДСМ. СДСМ, со овој однос јасно потврдува дека се плаши, а кога Венко Филипче зборува за инфантилност, тоа е исто како доктор Менгеле да зборува за права на пациентите или барон Минхаузен за етика и држење до зборот. Нема поголем комплимент за нас од тоа марионетата на струмичкото семејство да нè етикетира со погрдни зборови. Човек кој одамна го продал својот морал за неколку песни на Харис Џиновиќ и две кружења со јахта, и кој е заробен меѓу амбиции, базични инстинкти и заеднички бизниси со семејството кое го има киднапирано СДСМ. Со оглед на чувствителноста на темата, неопходно е да се почитуваат строго пропишаните процедури. Утврдувањето на одговорност и евентуално кривично гонење е во надлежност на обвинителствата и судовите, а не на СДСМ“, се вели во партиската реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk