logo
logo
logo

Излезеноста до 09.00 часот е 3%, ИСТО КАКО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2021 ГОДИНА

Vecer | 19.10.2025

Излезеноста до 09.00 часот е 3%, ИСТО КАКО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО 2021 ГОДИНА

Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. 

Иста излезност, 3 отсто, имаше и на претходните локални избори во 2021 година.

Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми.

– Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко место и од ниту една општинска изборна комисија, рече Кондарко. 

На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани.

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk