logo
logo
logo

ПОЛИЦИЈАТА ДОБИ 23 МОЖНОСТИ ПОВЕЌЕ за мобилност и брза пристапност

Vecer | 12.09.2025

ПОЛИЦИЈАТА ДОБИ 23 МОЖНОСТИ ПОВЕЌЕ за мобилност и брза пристапност

Мобилноста на полицијата, низ сите европски градови, спаѓа во првите приоритети. А за таа мобилност, особено во градовите, со години се користат брзи и ефтини првозни средства како мотоцикли кои лесно се движат низ густиот сообраќај или местата до кои нема соодветни широки и пристапни патишта.

За таа цел набавени се 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституционална соработка со РСБСП.

“Заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски, присуствував на предавање на нова опрема за нашата сообраќајна полиција. Се работи за 23 мотоцикли „Piaggio“ со 310 cm³ моќност во полициска изведба и комплетна возачка опрема – одела, кациги, ракавици и чизми.

Ова е уште една потврда за успешната соработка помеѓу МВР и РСБСП, партнерство кое директно придонесува за зголемување на безбедноста на патиштата. Верувам дека само преку заедништво и координација можеме да обезбедиме подобри услови за работа на полициските службеници и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот.

Продолжуваме и понатаму со истата посветеност, безбедноста во сообраќајот останува наш врвен приоритет“ ја објави информацијата министерот за внатрешни работи Тошковски на својот Фејсбук проофил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk