Вревен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа.
Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации.
Додека СДС со години само зборуваа за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено, преку грант-програмите на ИНОВА ќе се поддржат стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат конкретни решенија за проблемите на општините. Средствата ќе одат кај идеи што носат резултати, а не кај проекти што завршуваат во фиока, додаваат од владејачката партија.
„Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестира во младите, се создаваат реални можности за работа, развој и професионално усовршување.
Се креираат повеќе можности за младите, посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните. Државата конечно ги поврзува локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата во еден функционален систем.
Разликата е очигледна. СДС со години ја празнеше Македонија и ги тераа младите да ја бараат својата иднина надвор.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ создава услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина токму овде. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат мерливи резултати, наместо празни флоскули“, потенцираат од ВМРО-ДПМЕ.
Целта на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерна, развиена Македонија во која младите ќе бидат двигател на промените, а не генерација што ќе биде принудена да замине, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата