logo
logo
logo

НЕМА ФАКТИ, НЕМА ИМИЊА, НЕМА БРОЈКИ - Добро Богданка, убава си

Vecer | 05.07.2026

НЕМА ФАКТИ, НЕМА ИМИЊА, НЕМА БРОЈКИ - Добро Богданка, убава си

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, преку објава на социјалните мрежи оцени дека актуелното раководство на партијата од првиот ден се соочува со силни притисоци и напади, без да добие, како што рече, ниту еден ден простор за нормален почеток на својот мандат.

Според неа, најголем проблем е што, наместо нападите да доаѓаат од политичките противници, тие пристигнуваат од редовите на самата партија.

„Вистината е дека ова раководство на СДСМ не доби ниту еден ден шанса. Од првиот ден, во најтешкиот можен контекст, е под постојан оган. И најболно е што сопките не доаѓаат од власта, туку одвнатре“, истакна Кузеска.

Таа потсети на периодот по изборниот пораз на СДСМ, кога, како што рече, партијата останала сама и покрај тоа застанала зад сите свои членови кои се соочиле со политички и правни последици.

Статусот на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ви го пренесуваме во целост:

„Вистината е дека ова раководство на СДСМ не доби ниту еден ден шанса. Ниту еден „меден месец“. Од првиот ден, во најтешкиот можен контекст, е под постојан оган.

​И што е најболно, сопките не доаѓаат од власта, туку одвнатре. Од луѓе кои наместо да помогнат, работат на тоа да ја ослабат позиција на СДСМ, водени од лични суети или минати сметки.

​Сетете се каде бевме не така одамна. Кога СДСМ изгуби, оваа партија беше оставена сама. Буквално сама во калта. И во такви услови, застанавме цврсто зад секој еден човек кој се соочи и со политички прогон и кривични пријави. Притоа, никој не правеше калкулации, застанаа пред јавноста за да одбранат некои кои денес не се ниту тука, а други пак, денес се кријат зад некакви платформи.

​И сега, слушнав коментар во стилот: „па двајца-тројца излегувале во јавност да напаѓаат власт“.

Да, точно е! Ама тие двајца-тројца се тие кои без математики и без суета, кога СДСМ беше најслаба, а противникот најсилен, стоеја исправени на нозе и се бореа за партијата!

Каде беа тогаш тие што денес пишуваат платформи?

​Не кукаме, ниту ова раководство бара емпатија.

​Ова раководство има легитимитет да ја води партијата напред, и секој кој е искрен и навистина ја сака СДСМ силна, сите различни мислења нека ги стават во функција на СДСМ, а не во функција на нејзино уривање. Само тоа е чесно, само така е исправно ако навистина се сака СДСМ!- потенцира во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk