logo
logo
logo

ДУИ КАПИТУЛИРА И ПРЕД ДА ПОЧНАТ ИЗБОРИТЕ, а Меџити има недостижна предност пред Османи

Vecer | 31.08.2025

ДУИ КАПИТУЛИРА И ПРЕД ДА ПОЧНАТ ИЗБОРИТЕ, а Меџити има недостижна предност пред Османи

ДУИ на наредните локални избори бележи пораз пред тие и да почнат. Имено, од 15 општини каде партиите за кои претежно гласаат македонските Албанци ДУИ има само 5 кандидати, што е неочекувана капитулација на партијата пред изборите да се одржат. Накусо, ДУИ нема квалитетни кадри да ги “покрие“ општините, па дури ни половина од нив и има кандидати само за третина иако е најголема партија во нивната коалција.

Главниот “мегдан“ помеѓу ДУИ и ВЛЕН секако ќе се води во Чаир. Таму ДУИ излегува со својот потпретседател на партијата Бујар Османи а ВЛЕН со Изет Меџити, и кој ќе победи во Чаир ќе го има авторитетот за лидер меѓу македонските Албанци што потоа ќе се рефлектира и на можните реформи во ДУИ и на стабилноста на актуеланата влада.

Во моментов, работите стојат лошо за ДУИ и Османи бидејќи Изет Меџити има голема предност во јавноста и неговиот рејтинг пред избори за Османи е практично - недостижен.

Најновите анкети за јавното мислење потврдуваат дека Изет Меџити, кандидатот на коалицијата Вреди, е фаворит за победа во трката за градоначалник на Чаир, објави 3shi.net.

Според анкетата на агенцијата Маркет Вижн, спроведена на репрезентативен примерок од 1.100 граѓани, Меџити има водство од 13,6% пред кандидатот на АКИ, Бујар Османи.

Оваа бројка, како што наведуваат авторите на истражувањето, укажува не само на стабилна предност, туку и на растечки тренд на поддршка за кандидатот на Вреди.

Слични резултати покажува и претходната анкета на агенцијата Журнал, каде што Меџити исто така води со над 13% во Чаир.

Овие бројки, според аналитичарите, ја отсликуваат промената на расположението кај гласачите, кои сè повеќе се ориентираат кон Вреди како алтернатива на постојните политички структури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk