Контроверзните Арлинда Кадри Шахиновиќ, која изминатиот период беше во фокусот на неколку големи скандали, како и Шарената револуционерка по занимање адвокат Сузана Јошевска – Атанасовска, своевремено советник во корумпираното СЈО, се избрани за членови на Судскиот совет.
Тие беа предлог претседателката Гордана Сиљановскана, а пратениците ги избраа со 63 гласа „ЗА“ и 15 „ПРОТИВ“.
Кој и зошто ја лизга претседателката, во низа? И Собранието да ги гласа?
Одиме по ред.
Адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска, со 22 години професионално искуство, моментално најпозната по тоа што е адвокат на еден од обвинетите во судскиот процес за трагедијата во Кочани, но и често остар критичар туку-таму на кого и да е, само да ја има во јавност, беше еден од двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за нови членови на Судскиот совет.

Како активен учесник во Шарената револуција, Јошевска – Анастастовска своевремено беше наградена и за советник во корумпираното СЈО, контроверзното обвинителство чии бројни случаи завршија неславно, а го одбележаа и неколку корупциски скандали – почнувајќи од случајот „Рекет“, за кој првиот човек на ова тело – Катица Јанева, беше осудена на затвортска казна, пишува Република.
Многу, навистина многу проблематично е што природата на работа на адвокат и обвинител е целосно спротиставена, и самиот ангажман на адвокат како советник на обвинителство - ја поништува адвокатската експертиза (бидејќи адвокатот не работи за клиентот/клинетите, туку за обвинителите). Така што, останува нејасно, како Сузана Јошевска Анастасовска е професионален адвокат за претседателката - кога била адвокат на ѓаволот.
Силјановска Давкова пред година дена се огради за бараања за амнестија за 27 април
- Претседателката има уставни надлежности за амнестија или да поднесе (не само таа) барање до Уставниот суд за амнестија без посредници. Таа или некој/и одлучиле да има посредници, кои според биографиите се компропмитирани - велат правни екперти за Вечер.мк, кои напоменуваат дека се зачудени од ваквото собраниско компромититање на евентуалниот процес, за кој никој никогаш не се изјаснил јавно.
Гордана Силјановска Давкова, на брифинг со новинарите пред една година - практично крена раце од нив. Рече дека тие барале повторено судење и дека таа не може да одлучува за нив, ако не се изјаснеле за амнестија.
Кога и рековме - ти треба да најдеш решение - Силјановска Давкова рече - не е до мене..
Да се вратиме за Соросоидите во претседалскиот Кабинет..
Таа стана позната и по случајот во кој застана во одбрана и за заштита на фирма на сопругот на братучетка на експремиерот Зоран Заев, за кои австрискиот амбасадор Вуцас ги посочи за измама на австриска компанија.
Амбасадорот Вуцас посочи конкретни суми и имиња на фирми и личности. Обвинија дека компанијата на сопруг на братучедка на експремиерот Зоран Заев е должникот за кој судскиот процес бил одолговлекуван, а за што побараа смена на судии и обвинители. Заев побара извинување и најави тужба кои никогаш не се реализираа.
Екс претседателот Пендаровски бараше смена на судии и обвинители за случајот, Јошевска застана контра него.
Има уште...но, да се вратиме на основите...
Како адвокат со над 20 години искуство, Сузана Јошевска – Анастасовска е и основач и партнер во адвокатска канцеларија „Станковиќ и Јошевска“ од март 2007 година.
Дипломирала на Правниот факултет “Јустинијан Први“ при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2002 година. На истиот факултет завршила и магистерски студии по кривично право.
Правосудниот испит го положила во април 2005 година.
Одиме понатаму.

Шахиновиќ е позната како дел од Комисијата за помилување која колективно поднесе оставка под притисок на јавноста, поради препораката да се помилуваат десет осуденици, меѓу кои и Акиф Равмановски член на наркокартелот „Барон“. Тој по помилувањето беше пуштен од затворот „Идризово“ на условна казна. Во скопската казнена установа издржуваше казна од една година и три месеци поради нелегално поседување на оружје. Но, веднаш потоа беше уапсен, поради обид за убиство во инцидент, кој се случил десетина дена пред помилувањето. Имено, во скопски Чаир беше застрелан член на ривалскиот клан од селото Грчец.
Нетпрес го објави и големиот скандал поврзан со името на професорката Шахиновиќ, која своевремено, добила ангажман во ФФМ наводно лично од претседателот Муамед Сејдини, додека таа била член на Комисијата за помилување. Според непотврдени информации, нејзиниот хонорар изнесувал 30.000 денари месечно. Информациите од изворот на Нетпрес укажуваат дека таа не била изгласана на Управен одбор на ФФМ, туку Сејдини тоа го направил со одлука на Комитетот за итност. Таа ја извршувала функцијата Претседавач на Комисијата за жалби во ФФМ.
Во исто време, додека имала ангажман во ФФМ, Арлинда Кадри Шахиновиќ била избрана и за професор на приватниот МИТ Универзитет. Претходно, пак, Арлинда Кадри Шахиновиќ предавала на Факултетот за правни и политички науки на ФОН.
Има уште....но да се вратиме на заклучокот.
Сиљановска Давкова, која вели е добро запознаена со професионална активност на новоизбраните членки на Сускиот совет, образложувајќи ги предлозите рече дека се водела од нивната „стручност и компетентност“.
Па оттука се поставува прашањето? Кој и зошто ја лизга претседателката, во низа? И Собранието?
Инаку, Судскиот совет има значајна улога во обезбедувањето независно и непристрасно судство, односно ги избира и разрешува судиите и претседателите на судовите, одлучува за нивно унапредување, дисциплинска одговорност и престанок на судиската функција, со што директно влијае на квалитетот и интегритетот на судството.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата