logo
logo
logo

ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Vecer | 15.09.2025

ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата, со одржување на едукативен семинар на тема: „Демократијата и Собранието“ за ученици од средните училишта.

На отворањето на настанот ќе се обратат Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Михал Харари, заменик-амбасадор на Швајцарската Конфедерација.

На тема „Политичка писменост, демократија и активно граѓанство“ ќе говори Томе Гушев, раководител на Одделението за едукација и комуникација, Парламентарен институт на Собранието, а за „Историја на парламентаризмот во Република Македонија“, Соња Стаменковска, советник-историчар, Парламентарен институт на Собранието.

Во рамки на настанот ќе се одржи и работилница: Креативен натпревар „Каква демократија сакам утре? Снимање на тик-ток куси видеа на зададената тема, а потоа ќе има презентација на снимените видеа и дискусија со пратениците. Предвиден е и квиз натпревар: Што знаеш за демократијата и Собранието – формирање мешани тимови (пратеници + ученици).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk