logo
logo
logo

1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Картел во фармацевскиот бизнис при набавка на инсулин

Vecer | 12.06.2025

1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Картел во фармацевскиот бизнис при набавка на инсулин

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи веледрогерии АД Д-р Пановски и Фарма Трејд ДООЕЛ Скопје склучиле забранет договор – картел при учество во постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, соопшти Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Од таму велат дека се работи за јавна набавка која во 2016 година е распишана од страна на Министерството за здравство на Република Македонија при што двете веледрогерии спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата склучиле забранет договор-картел со кој свесно и со намера да се стекат со противправна имотна корист на штета на државата го замениле принципот на слободна конкуренција на пазарот со забрането договарање на продажните цени на лековите.

Комисијата за заштита на конкуренцијата при откривање и документирање на овој картел го имала во предвид домашното законодавство, но и судската пракса на Европската унија.

За учество во предметниот картел Комисијата со решението изрече прекршочни санкции глоба и тоа на АД Д-р Пановски во износ од 1.061.000 евра и на Фарма Трејд ДООЕЛ 721.000 евра. Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата, соопшти Комисијата.

Од таму велат дека за откриениот картел ќе поднесат соодветно известување до Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство заради натамошно постапување од нивна страна во соодветна кривична постапка.

Посебен проблем се објектите со кои управува, а кои се руинирани и во нив не може да се сместуваат гости.

ЕЛЕМ ТУРС располага со градежни објекти и опрема во износ од 4,624 милиони евра, но овој имот и покрај ризиците од пожари, кражби и слично не е осигуруван со години.

Ревизорите утврдиле дека постојните сместувачки капацитети на хотелите „Молика“ – Битола, „Попова Шапка‘‘ – Тетово, „Славија‘‘ – Тетово, одморалиште „Свети Стефан‘‘ – Охрид, одморалиште „Маврово‘‘ – Маврови Анови и автокамп „Ливадиште‘‘ – Струга, со исклучок на хотелот „Молика‘‘ – Битола, се застарени и во најголем дел не ги обезбедуваат минимално технички услови за сместување.

– Сместувачкиот капацитет во Одморалиштето „Свети Стефан‘‘ – Охрид не може да се користи поради исклучена електрична енергија, а во тек е реновирање на сместувачките и угостителските капацитети во Авто камп „Ливадиште‘‘ – Струга – велат од Државниот завод за ревизија.

За поголема искористеност на постојните капацитети, ревизорите предлагаат да се направи сеопфатна анализа на состојбите и да се инвестира за тие да се направат поатрактивни.

Ревизорите утврдиле дека проблематична била и постапката за поделба на друштвото на две нови друштва Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ – Битола и Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА ДООЕЛ – Тетово.

„Недвижните ствари биле отстапени на новите друштва, но тоа не било случај и со движните ствари, чија сметководствена вредност изнесува 190.735 евра, а за кои не била обезбедена проценка за нивната вредност од овластен проценител. Дополнително, различниот пристап при прераспределба на вработените од подружниците Попова Шапка и Молика во новоформираните друштва резултирал со покренување судски постапки од дел од вработените“, се наведува во извештајот на ревизорите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk