logo
logo
logo

АВМУ: Да се почитува личната болка и жалост на семејствата на загинатите

Vecer | 20.03.2025

АВМУ: Да се почитува личната болка и жалост на семејствата на загинатите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани.

При пренесувањето на информациите, вклучително и преку социјалните мрежи, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да им се дозволи достоинствено да се збогуваат со саканите. Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и треба да ги почитуваат приватните моменти за дополнително да не ја зголемуваат болката на ужалените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk