logo
logo
logo

Арсовска: Преку едукативни активности за најмладите да влијаеме за заштита на животната средина

Vecer | 22.03.2022

Арсовска: Преку едукативни активности за најмладите да влијаеме за заштита на животната средина

Во рамките на одбележувањето на Деновите на екологијата за 2022 година, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зуди Енузи, денеска присуствуваа на еколошка работилница и едукативни игри за рециклирање и селектирање на отпадот во детската градинка „Снежана“, во скопската општина Чаир.

– Околу 100 дечиња беа вклучени во едукативните активности што се одвиваа во матичниот објект на оваа детска градинка и имаа можност да научат на кој начин да постапуваат со отпадот и колку е значајна неговата примарна селекција, наведоа од Град Скопје.

Арсовска ја поздрави акцијата и истакна дека ваквите едукативни активности за најмладите се потребни бидејќи преку едукативни игри можат да научат како да го селектираат отпадот.

На дечињата од градинката „Снежана“ градоначалничката Арсовска и директорот Енуз им поделија пакетчиња со едукативни сликовници за заштита на животната средина.

– Градот Скопје ги поддржува активностите кои ја подигаат свеста во однос на екологијата и во наредниот период ќе бидат поттикнати нови идеи и нови еколошки активности во средните училишта во градот Скопје, се со цел да ја сочуваме животната средина и чистиот воздух, посочија оттаму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk