logo
logo
logo

Меџити: Заврши времето на ДУИ во власта! Не понесоа одговорност за модуларната, „Дурмо турс“ и сега прават шоу за естрада!

Vecer | 03.04.2025

Меџити: Заврши времето на ДУИ во власта! Не понесоа одговорност за модуларната, „Дурмо турс“ и сега прават шоу за естрада!

„Изет Меџити, вицепремиер и како лидер на Демократското движење еден од челниците на коалицијата Вреди, остро ја нападна Демократската унија за интеграција преку објава на неговиот фејсбук-профил, оценувајќи дека нејзиното време на власт завршило.“ – пренесе ТВ Алсат.

Натаму телевизијата истакнува:

Во објавата Меџити ги наведе повеќето од трагичните настани кои ја потресоа земјата во изминатите две децении, а за кои, како што тврди, ДУИ останала во власта без да понесе никаква политичка или морална одговорност.„Случајот ‘Сопот’, случајот ‘Алфа’, убиството на Харун Алиу, случајот ‘Монструм’, трагедијата со автобусот на ‘Дурмо Турс’, пожарот во модуларната болница во Тетово и несреќата со автобусот на ‘Беса Транс’ – ДУИ остана во власт по сите овие случаи.

Ниту еден функционер не поднесе оставка, никој не беше повикан на одговорност.“ – напиша Меџити на социјалната мрежа.

Тој посочи дека различни премиери се менувале – Црвенковски, Бучковски, Груевски, Заев, Ковачевски – но ДУИ останувала стабилна во власта, „тивко и без срам“.

„Затоа денес, кога без ронка срам се појавуваат на говорници и прават шоу за естрада, сакам да им порачам: времето на ДУИ заврши. Денес Албанците се на власт, а ДУИ е и ќе остане во опозиција. Бидете мирни.“ – порача Меџити во својата објава на фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk