logo
logo
logo

Арсовска: Градот ни живее во стагнација, време е да си го вратиме нашиот град, да го вратиме Скопје на граѓаните!

Vecer | 27.09.2021

Арсовска: Градот ни живее во стагнација, време е да си го вратиме нашиот град, да го вратиме Скопје на граѓаните!

Градот ни живее во стагнација. Проблемите од ден на ден се се поголеми, вели независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Таа на денешната промоција изјави дека стотина депонии насекаде околу нас, сообраќај кој не ни го олеснува животот, туку го комплицира и насекаде гужва.

- Јавен превоз без идеја и концепт. Урбан хаос, секој гради каде сака, истура бетон врз дрвја и зеленило. Уништен дух на градот, затворени култни места, заборавена култура, настани без енергијата, едноставно сјајот на Скопје веќе го нема. Заборавени населби со илјадници жители кои што се наши сограѓани. Села и приградски населби живеат без вода, без улици и без осветлување. На Скопје во овој момент, после години поминати во стагнација, му треба нов, позитивен и модерен дух, вели Данела Арсовска

Арсовска порача дека има еден приоритет, а тоа е да го направи Скопје повторно модерен, чист и достоен град за живеење на скопјани, додавајќи дека е подготвена за овој предизвик.

На нашето Скопје му треба градоначалник кој има само еден и единствен приоритет, а тоа е да го направиме нашето Скопје повторно модерен, чист и достоен за живот град. Јас сум подготвена да ја преземам оваа одговорност, да ја преземам оваа обврска и оваа работа.  Знам дека можам да бидам добар градоначалник, добар менаџер. Заедно јас и вие ние ќе го направиме Скопје модерен град. Да си го вратиме нашиот град, да го вратиме Скопје на граѓаните, потенцираше Арсовска.

Арсовска смета дека градоначалник на главниот град треба да е човек претставник на граѓаните, а не градоначалник кој ќе се грижи само за себе и политичката партија од која доаѓа

Да бидеш градоначалник значи да бидеш претставник на граѓаните. Не сакам и следниот градоначалник на Скопје да се грижи повеќе за себе и својата партија, истакна таа.

Арсовска нагласи дека во животот од личните борби кои ги водела научила една важна лекција а тоа е дека ако сакаме нештата да се променат тогаш не смееме да се предадеме, туку да се бориме бидејќи само така има надеж дека нештата ќе се придвижат кон добро

Животот и личните борби низ него ме натераа да научам една важна лекција.

Ако саката да ги смените нештата, лошите работи, никогаш не запирајте и никогаш не се предавајте и борете се, борете се и така сигурно ќе имате надеж дека нештата ќе се придвижите кон добро. Ако останете без енергија, ако им дозволите да ве надвладеат, сигурно нема да победите. Ние сите таа енергија ја имаме и нема да дозволиме никој да не победи и да не надвладее. Имаа можност, многу ветија, а малку покажаа. Сега е време на нови генерации, на нови луѓе, на нови лица, рече Арсовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk