logo
logo
logo

Започнува инвестициски циклус од 6 милијарди евра кој ќе донесе ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ

Vecer | 30.05.2025

Започнува инвестициски циклус од 6 милијарди евра кој ќе донесе ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ

Со потпишувањето на договорот со Велика Британија на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ова е најголема економска рамка од 6 милијарди со која ќе започне инвестициски циклус во Македонија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште. Изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште се стратешки проект кој ќе се реализира со инвестиција од 1,3 милијарди.

Градежната офанзива којашто е во тек ќе продолжи и со инвестиции во железничкиот сообраќај и изградба на брза пруга. Ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10.

Со инвестиција од околу 2 милијарди евра ќе се гради брза пруга Табановце-Гевгелија. Постоечката пруга ќе се реконструира, и ќе се направи уште една паралелна пруга

Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.

Ќе започнат и нови проекти од енергетиката, транспортот, медицината, здравството и дигитализацијата. Сето ова подразбира отворање на нови работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, стои во соопштението

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk