logo
logo
logo

Антокорупциска “ГО ЧАСТЕШЕ“ АНЃУШЕВ СО СОПСТВЕНОСТ ЕУРОНИКЕЛ, па се демантираше самата себе

Vecer | 09.12.2023

Антокорупциска “ГО ЧАСТЕШЕ“ АНЃУШЕВ СО СОПСТВЕНОСТ ЕУРОНИКЕЛ, па се демантираше самата себе

Кочо Анѓушев ги демантира и ги отфрла тврдењaта на Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциската комисија, дека Анѓушев е сопственик на фирмата ЕУРОНИКЕЛ, (фирма која е сегашен сопственик на поранешно ФЕНИ). Ова незамисливо тврдење е изречено јавно од претседателот на најзначајното тело за борба против корупција во државата на реномираната емисијата Топ Тема на сериозна телевизија, ТВ Телма.

,,Не сум сопственик, ниту сум имал ниту имам некаква сопственичка врска со Фени и Еуроникел и антикорупциска комисија си има документи од кои се гледа кој е сопственик. Тие документи се наоѓаат во Централен Регистар и секој граѓанин може да ги види. Не можам да разберам зошто Ивановска го зборува ова” – прашува Анѓушев.

И во телефонски разговор со претставник од Фероинвест кој и предочи дека податокот не е точен, Билјана Ивановска продолжи да застапува став дека Анѓушев е сопственик, потоа дека нејзината изјава не е од значајна важност, па се до ставот дека не мислела на начин како што ја изнела изјавата.

Сметаме дека е важно да се знае каде на други места Билјана Ивановска дала ваква погрешна информација и тврдења за Кочо Анѓушев, пред кои институции, пријателски држави и други инстанци.

Антикорупција се вади од ситуацијата: мислем, ама не сме сигурни, или...

Заради сензитивноста на предметот, поврзан со стечајната постапка на Фени координирана од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, што е веќе презентиран во детали пред јавноста на јавна седница, сакаме да појасниме дека во интервјуто на Топ Тема на ТВ Телма од 06.12.2023 година, претседателката Билјана Ивановска, употребувајќи формулација: „една од фирмите на Кочо Анѓушев, Еуроникел или Еуроникел индустри“, остави впечаток дека фирмите се сопственост на г-динот Кочо Анѓушев.

Всушност, станува збор за фирми кои според приложениот деловен план – Писмо со намери, од 01.08.2019 година, требало целосно да го преземат ФЕНИ во стечајната постапка координирана од тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев, за што Еуроникел со Владата на РСМ склучил Договор за финансиска поддршка на инвестициите.

Антикорупциска со “создавањето впечаток“ низ погрешно изнесување и ценење факти во суштина внесе заблуда во јавноста.

На овие наводи денеска регираше и Анѓушев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk