logo
logo
logo

Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје

Vecer | 27.09.2022

Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје

На церемонија во Стејт департментот, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, објави на фејсбук Американската амбасада во Скопје.
– Амбасадорката Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше како привремена в.д. амбасадорка. Претходно работеше и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, а извршуваше работни задачи и во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, се наведува во објавата на Американската амбасада.
Во нејзината биографија исто така е запишано дека зборува македонски, француски и делумно хинду јазик. Ангела Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk