Билал Касами oд БЕСА му врати на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за ,,нокаутот”. Касами ова го изјави во интервју за Еуроњуз Албанија.
„Али Ахмети е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува и со заканувачки и навредливи зборови го плаши албанскиот народ. Но, на 8 мај ќе го добие одговорот и конечно ќе добие технички нокаут од албанските гласачи кои ги осиромашува и раселува 20 години“, изјави Касами.
Касами ја коментираше изјавата на Ахмети дека ,,треба да го фрли белиот пешкир на рингот зашто на 8 мај ќе доживеел нокаут”.
Од Вреди и ДУИ додека трае кампањата си размненија повеќе навреди.