Денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Таткото на Вања, Александар одговараше на прашања на судијата.
Тој рече дека испратил две пораки на мобилниот телефон на Вања. Тоа го направил околу 13, 14 или 15 часот попладнето истиот ден кога е и грабната Вања, пренесоа медиумите
„Се што ќе побарате се ќе направиме. И подоцна ми текна да додадам уште една порака и таа гласеше „Од родителите““, рече обвинетиот Александар Ѓорчевски.
„Со надеж дека ќе го вклучат мобилниот телефон и пораката веднаш ќе им се појави“, додаде Ѓорчевски.
По неговото сведочење, треба да сведочи првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата