logo
logo
logo

Ахмети прво на средба со амбасадата, ПА ЌЕ НОСИ ОДЛУКА ЗА МЕРКО

Vecer | 21.06.2023

Ахмети прво на средба со амбасадата, ПА ЌЕ НОСИ ОДЛУКА ЗА МЕРКО

ДУИ  веќе три мандати го кандира Рамиз Мерко за градоначалник на Струга, кој од вчера е на црната листа на САД. Во ДУИ се шокирани од одлуката на Стејт департментот, но велат дека ќе ја анализираат во наредните денови, пишува порталот Лидери.мк.

Високи извори од ДУИ за порталот велат дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на партијата Али Ахмети со американскиот амбасадор или заменик амбасадор во Скопје. По тој состанок Ахмети ќе одлучи дали ќе бара оставка од Мерко од функцијата градоначалник и нови избори во Струга или не, велат од ДУИ за порталот Лидери.мк.

Според изворите од ДУИ, ако Ахмети побара оставка од Мерко, а овој одбие, постои можност и официјално да биде исклучен од партијата.

„Во тој случај Мерко може да го продолжи мандатот како непартиски градоначалник“, велат од ДУИ, појаснувајќи дека немаат правен механизам да го принудат Мерко да поднесе оставка, доколку не го направи тоа доброволно.

Вчера и амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер за прогласувањето за непожелна личност за САД на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од  Стејт департментот, поради корупција, рече дека „народот на Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем којшто ќе ги смета за одговорни“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk