logo
logo
logo

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Vecer | 17.01.2026

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Општина Центар се одвива во работна фаза, при што објектот добива целосно нов лик и функционалност согласно современите спортски и технички стандарди, наведува премиерот Христијан Мицкоски, во објава на Фејсбук.

Инвестицијата за обновата на салата изнесува 120.000.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт, како дел од владините Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина.

Мицкоски посочува дека проектот има цел создавање модерен спортски центар кој ќе одговори на потребите на професионалниот и рекреативниот спорт.

Салата располага со вкупна површина од околу 2.000 метри квадратни, од кои 1.400 метри квадратни се наменети за спортскиот терен, а 600 метри квадратни за пропратни простории, административни содржини и сервиси. Проектираниот капацитет изнесува приближно 1.000 гледачи.

Проектот опфаќа изградба и опремување на спортски објект со ФИБА LEVEL 1 стандард, со вградување на енергетски ефикасни системи за греење, ладење и вентилација, подно греење поврзано на градската топловодна мрежа, како и современо спортско осветлување со професионална фотометрија. Предвидено е поставување на квалитетен масивен спортски под, нова спортска опрема и целосно обновување на административните и придружните простории, информира премиерот Мицкоски.

Тој споделува детали и од работната фаза од проектот за реконструкција и пренамена на поранешната Стоковна куќа во современ мултифункционален и културен центар со музејска содржина во Радовиш. Објектот, лоциран во централното градско подрачје, добива целосно нова намена и значење како јавен простор од културен и општествен интерес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk