logo
logo
logo

Полицаец во тешка состојба откако вдишал голема количина чад во вчерашниот пожар кај СЦ „Борис Трајковски“, девет полициски службеници со кислородна поддршка

Vecer | 31.08.2025

Полицаец во тешка состојба откако вдишал голема количина чад во вчерашниот пожар кај СЦ „Борис Трајковски“, девет полициски службеници со кислородна поддршка

Еден припадник на полицијата од ПС Карпош се наоѓа во тешка здравствена состојба откако вдишал голема количина чад за време на вчерашниот пожар кој избувна во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Според информациите, полицаецот бил пренесен во болница веднаш и му е укажана итна лекарска помош. Неговата состојба се следи од страна на медицинските екипи.

Публиката, ракометарите и спортските работници беа безбедно евакуирани. Според информациите од МВР, полициските службеници кои биле ангажирани за обезбедување на турнирот веднаш се вклучиле во гаснењето заедно со екипите од противпожарна заштита.

Како последица на вдишување чад, девет полициски службеници завршија на Одделот за токсикологија каде им е обезбедена кислородна поддршка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk