logo
logo
logo

„Премиерот има одговорност да обезбеди функционален систем, ВООПШТО НЕ МИ СЕ ДОПАЃА СОСТОЈБАТА ВО ПРАВОСУДСТВОТО“

Vecer | 26.11.2025

„Премиерот има одговорност да обезбеди функционален систем, ВООПШТО НЕ МИ СЕ ДОПАЃА СОСТОЈБАТА ВО ПРАВОСУДСТВОТО“

Американската амбасадорка Анџела Агелер, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 остро се осврна на состојбата во правосудниот систем.

Агелер потсети дека САД до сега инвестирале „половина милијарда евра“ во судството, но резултатите не се на ниво на очекувањата.

„Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството. Сакам да видам помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе дејствување во рамките на судството“, порача Агелер, нагласувајќи дека задржувањето на фокусот на јавни изјави не ги решава системските проблеми.

Таа појасни дека, иако премиерот нема ингеренции директно да избира обвинители, има политичка одговорност да обезбеди функционален систем.

„Политичарите зборуваат за многу работи – тоа е дел од нивната улога. Но на крајот, кога се гледаат резултатите, се заклучува дека има застој“, додаде Агелер во критиката на правосудниот систем.

Амбасадорката истакна дека ја охрабрило неодамнешното апсење поврзано со злоупотребите на ИПАРД-фондовите, но нагласи дека одговорноста не може да се сведе само на една личност.

„Инвестиравме многу години и многу пари. Сега луѓето од оваа држава и оваа влада треба да се покажат на дело“, порача таа, додавајќи дека токму институциите треба да бидат двигателот на реформите, а не политичките препукувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk