logo
logo
logo

СДСМ тврди дека Скопје се гуши поради градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 05.09.2025

СДСМ тврди дека Скопје се гуши поради градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје денеска буквално се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште,  извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба, се вели во соопштението од СДСМ.

Виновни за оваа катастрофална состојба и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници. Четири години двајца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнија ветувањата и не најдоа решение за една дива депонија. Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето за скопјани.

Орце Ѓорѓиевски, наместо решенија ги манипулира скопјани. 

Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова, време е Вардариште да стане безбедна локација а не еко-бомба под прозорите на скопјани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk