logo
logo
logo

Без возачка дозвола со неисправни или нерегистрирани возила се само дел од прекршоците што ги регистрирале сообраќајните контроли

Vecer | 09.06.2025

Без возачка дозвола со неисправни или нерегистрирани возила се само дел од прекршоците што ги регистрирале сообраќајните контроли

Во деновите од изминатиот викенд (07./08.06.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1077 издадени платни налози дури 174 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 65 возачи возеле под дејство на алкохол и исклучени се од сообраќај, додека пак 172 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење на заштитна кацига.

Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 156 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 149 за недозволено паркирање, додека пак санкционирани се 58 лица кои некористеле сигурносен појас, изречени се 24 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на црвено светло, а изречени се и три прекршоци за возачи на електрични тротинети.

Исто така а согласно Законот за возила, 49 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk