Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски и официјално е кандидат за градоначалник за Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.
„Движењето ЗНАМ - За наша Македонија започнува ново поглавје во своето политички делување. Нашите претставници во локалната самоуправа покажаа како вистински се управува со општините“, изјави портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов.
На Извршниот и Централниот одбор вечерва е одлучено ЗНАМ да настапи самостојно на претстојните локални избори со свои советнички листи во повеќе од 50 општини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата