logo
logo
logo

Телото пронајдено во близина на пожарот кај Лозаново е предадено на обдукција: Полицијата со детали за пожарите во с. Четирце и населбата Перо Чичо во Куманово

Vecer | 10.07.2025

Телото пронајдено во близина на пожарот кај Лозаново е предадено на обдукција:  Полицијата со детали за пожарите во с. Четирце и населбата Перо Чичо во Куманово

Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција, соопшти денеска СВР Куманово. Оттаму информираат дека полициските службеници го пронашле починатото лице вчера и дека бил извршен увид и од јавен обвинител.

Полицијата информираше и за две пријави за пожари во кумановско, во село Четирце кој настанал во 14.49 часот, при што биле зафатени стрништа, необработени ниви, поголема површина со лозови насади, како и кровна конструкција на куќа сопственост на Ц.Д. и помошни простории, сопственост на М.Д. и Н.П., како и една напуштена куќа. Во пожарот нема повредени, го изгасила ТППЕ Куманово, увид извршила полицијата.

За вториот пожар во населбата Перо Чичо во Куманово, полицијата била информирана во 15. 18 часот. Таму настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Д.С., кој вдишал дим, по што бил пренесен во општа болница Куманово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk