logo
logo
logo

Дошол од Германија кај своите и загинал во сообраќајка

Vecer | 19.08.2025

Дошол од Германија кај своите и загинал во сообраќајка

На магистралниот пат кај местото „Слечиште“ загинаа двајца возачи – 52-годишен битолчанец кој живеел во Германија и 20-годишен охриѓанец, откако нивните возила „мерцедес“ и „опел астра“ се судриле директно. Еден 19-годишен сопатник е со тешки повреди и хоспитализиран во Битола

„На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(20) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од П.К.(52) од Сојузна Република Германија.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот П.К., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот П.Н. и неговиот сопатник Д.С.(19) од с.Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај П.Н. лекар констатирал смрт, додека кај Д.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk