logo
logo
logo

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ГИ ИЗБРИШАА ОДЛУКИТЕ НА АСНОМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 16.05.2026

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ГИ ИЗБРИШАА ОДЛУКИТЕ НА АСНОМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за нив националното понижување е гордост, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата.

Заев и Филипче се ставени на услуга на Бугарија поради уцени од група бугарски политичари поради нивното криминално минато.

За Зоран Заев и Венко Филипче терминот „северномакедонци” е гордост и успех на нивната политика која не доведе да бидеме држава со која другите се потсмеваат, потценуваат и не гледаа како потчинети.

Од тие причини граѓаните им пресудија на 4 изборни цуклуси по ред, а на следните избори ќе добијат црвен картон и ќе исчезнат од политичкиот спектар во Македонија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk