logo
logo
logo

Граоначалникот отвора сомнеж

Во Скопје НЕЛЕГАЛНО СЕ ПАРАТ домашни и диви ЖИВОТНИ? Ѓорѓиевски смета дека случајот со волкот има подлабока заднина

Vecer | 16.05.2026

Во Скопје НЕЛЕГАЛНО СЕ ПАРАТ домашни и диви ЖИВОТНИ? Ѓорѓиевски смета дека случајот со волкот има подлабока заднина

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Курир.мк изрази јавна благодарност до сите институции и граѓани кои помогнаа во успешното и безбедно справување со случајот со волкот во главниот град. Притоа, додаде тој, во подоцнежната фаза од згрижувањето и третманот на животното активно се вклучила и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Во интервјуто, Ѓотѓиевски ги отвори следниве дилеми:

– Тука имаме две клучни прашања. Зошто никој не го спомена моментот дека некое дете можеше да биде жртва поради тоа што некој несовесен скопјанец чувал диво животно дома? Тоа диво животно беше со ланец, со алка околу вратот, што значи некој го чувал дома. И можеше некое дете во парк да настрада поради некој несовесен граѓанин кој смета дека неговиот дом е џунгла. Дека може да чува животни, дека домот му е шума, прашума. Второто прашање е дали некој со обидите да докаже дека тоа не е волк, во јавноста се обиде да прикрие неколку позиции во Скопје, каде се парат домашни и диви животни? Јас тоа го спомнав и во Министерството за внатрешни работи, дали некој се обиде да сокрие некого кој дозволува парење на домашни и диви животни и чува ваков тип животни во непосредна близина на централното градско подрачје, во неговиот двор? Ова беше свесен обид да се прикрие некој и целата работа да се прикрие во пародија, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk