logo
logo
logo

НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ВО РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ

Vecer | 15.12.2025

НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ВО РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ

Единствениот формален функционер во СДСМ, Венко Филипче, овие денови се соочува со бран незадоволство и непоборлив факт дека никој не сака да биде дел од високите органи на партијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Сè повеќе луѓе се противат на идејата партијата да биде маша на бизнис крими интересите на Зоран Заев со единствен извршител Венко Филипче. Партијата е поделена на кланови, на поединци и на групи, каде што најлојален за пари до Венко е Никола Спасов. Токму затоа Никола Спасов спроведува сценарио на дефокусирање од вистината и напад со лаги и дезинформации за наводни мигранти и за наводно сторен криминал во случајот Томовски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ниското политичко ниво и изразената некултура во соопштенијата и пресовите на СДСМ треба да го одвлече вниманието од фактот што денес СДСМ е во заложништво на бизнис интересите на струмичката фамилија Заеви, се додава во соопштението.

„Венко Филипче не може да состави основна екипа со која ќе ја владее СДСМ, партија со само 130 илјади гласови, а камо ли утре да пледира да владее со цела држава. Овие денови гледаме како СДСМ само тоне и станува жртва на сопствената пропаганда. Венко го доуништува и она малку што остана од некогаш големата СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk