logo
logo
logo

Костовски: Ќе изградиме Дом на култура во Бутел

Vecer | 14.10.2025

Костовски: Ќе изградиме Дом на култура во Бутел

Денеска се наоѓам во дворот на велелепниот храм Свети Јован. Доблесно е кога нешто нема да успеете да направите, да признаете, но бидете сигурни дека во потегот позади мене ќе изградиме нов модерен плоштад со културен дом – вети Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласува дека во изминатиот период успеале да ги надминат сите имотно правни проблеми и успеале да направат еден убав модерен проект за којшто архитектите обезбедиле.

Плоштадот ќе се простира на 3000 метри квадратни. Домот на култура ќе се простира на 900 метри квадратни. За овој проект се потребни 100 милиони денари. Истите ќе бидат обезбедени од страна на буџетот на општина Бутел – додаде Костовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk