Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно соопшти дека одржал средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД.
- Зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите на работата на Владата која ја предводам.
На денешната средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД разговаравме за економската состојба во државата, како и продлабочување на соработката и развој на нашата земја.
Остануваме посветени за развој и раст на Македонија и сите граѓани, објави Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата