Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево информира дека во рамките на институцијата е формиран кризен штаб кој, како што се наведува, континуирано ја следи состојбата со случувањата на Блискиот Исток по нападите што САД и Израел ги извршија врз Иран, а Техеран возврати со одмазнички удари кон американски цели во земји од регионот.
Кризниот штаб, велат од Министерството, е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани.
Оттаму го повторуваат апелот до сите македонски државјани кои се наоѓаатр во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи.
„Воедно, се препорачува одложување на сите ненеопходни патувања кон земјите од овој регион, сè до подоборување на безбедносната сосојба“, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Оттаму додаваат дека Министерството, со сите свои капацитети и преку дипломатско-конзуларните претставништва, останува целосно на располагање на македонските државјани и ќе предолжи навремено да ја информира јавноста за сите релеватни информации и понатамошни насоки.
„Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и Е-пошта: [email protected]“, се наведува во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата