logo
logo
logo

Aхмети размислува за пензија?

Vecer | 24.10.2025

Aхмети размислува за пензија?

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети сериозно размислува да се повлече од активната политика, објави медиумот на албански јазик „Фол“.

Според информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.

Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата.

Засега нема официјален коментар на оваа информација од ДУИ и од Ахмети, кој се нема огласено во медиумите и социјалните мрежи по првиот изборен круг на 19 октомври, на кои коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи само во Липково и во Пласница. Во Пласница, коалицијата ВРЕДИ не предложи кандидат, пишува „Фол.мк“.

Оставка од Ахмети по првиот круг од локалните избори, а особено по поразот во Чаир, побараа челниците на ВРЕДИ. Кандидатот на ДУИ Бујар Османи кој загуби од Изет Меџити од ВРЕДИ во Чаир, напиша на Фејсбук дека „Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk