logo
logo
logo

Анкета на ИПСОС и ИПИС

АКО ОВАА НЕДЕЛА ИМА ИЗБОРИ: Убедливо водство од 25 - 28% на ВМРО-ДПМНЕ пред сите останати партии

Vecer | 04.12.2025

АКО ОВАА НЕДЕЛА ИМА ИЗБОРИ: Убедливо водство од 25 - 28% на ВМРО-ДПМНЕ пред сите останати партии

За потребите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, ИПСОС и ИПИС спроведоа теренска и телефонска анкета според која доколку оваа недела би се одржале парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би била апсолутен победник со освоени 25-28% од вкупниот број на гласови, ова денеска го откри на брифинг со новинарите лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Теренската анкета за цел месец ноември била спроведена од страна на ИПСОС, додека телефонската за пола месец од страна на ИПИС.

Според истражувањето доколку оваа недела би се одржале избори од вкупниот број на гласови партиите би освоиле:

-ВМРО-ДПМНЕ ОД 25%-28%

-ВРЕДИ 7%-8%

-Левица 6%-8%

-СДСМ 6%-8%

-НАИ/ДУИ 6%-8%

-ЗНАМ 3%-4%

-Останати 2%-3%

-Неопределени 7%-8%

-Одбиваат да одговорат 14%-15%

-Не би гласале 20%.

Според ваквото истражување на ИПСОС и ИПИС, доколку во моментот би се одржале избори ВМРО-ДПМНЕ би бил апсолутен победник во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk