Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда.
-Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите, објави премиерот Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница.
Премиерот нагласува дека од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда e да ја завршиме домашната задача.
На состанокот биле присутни министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, министерките за енергетика и за финансии, Сања Божиновска и Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија Бесар Дурмиши и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата