logo
logo
logo

Ова се чека со децении: ПО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО ПЛАНОВИ ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Vecer | 27.10.2025

Ова се чека со децении: ПО ИЗБОРИТЕ ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО ПЛАНОВИ ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Локацијата кај Градската општа болница „8 Септември“ е одлична за изградба на новиот клинички центар во Скопје, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, при посета на болницата.

Тој одговараше на новинарско прашање за тоа дали Владата веќе размислува за изградбата на клиничкиот центар во Скопје.

Чекор по чекор. Да завршат локалните избори, па ќе се распише јавен повик за финансиски институции за оние болници и клинички центри што се поврзани со Договорот влада со влада со Обединетото Кралство. Тоа да заживее, па следно е големиот клинички центар.

Ова овде делува како одлична можност – одлична локација, три булевари, гасна поврзаност, сообраќајна поврзаност, па, ајде да видиме. Да оставиме експертите да го кажат своето мислење – рече премиерот Мицкоски.

Со договорот со Обединетото Кралство, потсети Мицкоски, е планирано да се градат клинички болници во Штип и во Тетово, болница со здравствен дом во Кичево, како и медицински факултет и студентски дом во Штип.

Тоа е првиот чекор, а потоа е останатото. Но, време е да почнеме да размислуваме и за изградбата на новиот клинички центар во Скопје – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk