logo
logo
logo

Пешевска:

СИТЕ ЖЕНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ДА ГО ОСУДАТ говорот на омраза и линч кон Александра Соколова

Vecer | 22.09.2025

СИТЕ ЖЕНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ДА ГО ОСУДАТ говорот на омраза и линч кон Александра Соколова

Со оглед на ситуацијата што се случува во Кочани најостро го осудувам говорот на омраза и линч кон Александра Соколова, којашто е кандидатка за советничка. Затоа што нападот кон Александра Соколова, е напад кон сите мајки, татковци и семејства кои ги изгубија своите најмили во пожарот во Пулс, рече на денешната прес-конференција Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

- Оттука, наместо да бидеме среќни, што се интегрирани во општеството, што учествуваат во носењето на одлуки во општините и во општеството, некој се дрзнал да ги линчува. Затоа, ги повикувам сите институции, доблесно да ја спроведат правдата. Но, во исто време ги повикувам сите женски организации, душегрижници и борци за женски права, да го осудат овој говор на омраза. Тука го спомнувам и го повикувам Форумот на жени од СДСМ да го осуди овој говор на омраза како и Клубот на пратенички којшто го води Јована Тренчевска. И повторно ќе повикам на разум, затоа што навистина донесовме низа документи, резолуции, кодекси за фер и демократски избори, само треба доблесно да се почитуваат, достоинствено да ја водиме оваа кампања која што ќе следи за локалните избои, истакна Пешевска.

- Уште еднаш повикувам разумот да надвладее и да ги оставиме овие луѓе коишто ги изгубија своите најмили, коишто се соочија со најголемата болка во животот, да бидеме благодарни што собраа храброст да се вклучени во општествени процеси, додава Пешевска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk